За нас

Кеш Флоу Менаџмент е финтек старт-ап компанија основана на крајот од 2021 година како резултат на доделена финансиска поддршка од страна на Фондот за иновации и технолошки развој. Основачите аплицираат на повик под името „Тим Фактор – Скопје“ и се добитници на финансиската поддршка за имплентација на бизнис планот за „Дигитална факторинг берза“. Во текот на следните години се работи на развивање на првичната верзија на веб апликацијата која се пушта во употреба во 2023та година. Потенцијални клиенти за Кеш Флоу Менаџмент се банките, штедилниците, финансиските друштва и сите останати фирми кои сакаат да ги продадат своите побарувања со цел да дојдат до брзи пари кога им е најпотребно или да заработат со откуп на туѓи побарувања.

Нашето мото е „Инвеститорите Ви помагаат да го наплатите побарувањето веднаш!“.

Нашата платформа ги поврзува инвеститорите кои се подготвени да купат побарувања по пониска вредност од номиналната и да го преземат ризикот поврзан со наплата на побарувања за да заработат од повисоката номинална вредност, како и фирми кои се подготвени да ги продадат своите побарувања по пониска вредност од номиналната за да дојдат до парични средства.